Рајко Жинзифов/ На младенецот а...
Младенец как Ангел прехарен младенец,
Ти прва си рожба, ти мајци првенец,
И чиста пречиста душа ти невина,
Как Ангел небесен во рајска градина.
Кога горна за спање навеждаше клепка,
А мајка те клават во малка колепка,
На мека постеља, на мека перница,
Под нејна пазуха заспиваш как птица.
И дор да заспиеш с пазуха те хранит,
Те чуват, те хладит, од муха те бранит,
Ти баит, ти пеит и песни детински,
Она тешки забрават болки рожбински.
Спавајќи слатко сос нега големеиш,
Спокоен ти духâт и в сон ти сја смеиш
Младенец, сонуваш усешташ ли нешто?
Он спиет нек кажит чие срце ет вешто.
Спи ти младенец под божја обрана,<
...
Read more »