ЌЕ ИМА ВОЈНА: Статус на актерот Јовановски за Заев ги разгоре социјалните мрежи (ФОТО)
„Штетата што ја направи таа црпка е голема. Ќе има војна! Нова војна ќе има! Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде!“, стои во статусот на Владо Јовановски
Ќе има војна, нова војна ќе има!. Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде, напиша актерот Владо Јовановски на неговиот профил на „Фејсбук“ и веднаш предизвика лавина реакции. Дел од „фејсбукчиите“ го поддржуваат во неговиот став, но има и голем број критики насочени кон актерот кој последниов период е актуелен со ликот Миле во познатата хумористична серија „Преспав“.
...
Read more »
Views:
236
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-16
|
|
Стефан Таневски
На денешен ден во 1986 година, во Скопје умрел Стефан Таневски, македонски писател. Ги напиша историските трагедии “Иван“, “Владимир и Косара“ и “Рог“, како и збирката поезија “Ноќни бразди“. Роден бил во Скопје, на 7 април 1918 година.
Views:
270
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-16
|
|
Андон Дуков
На денешен ден во 1944 година, на планината Кожуф од измрзнување умрел Андон Дуков. Андон Дуков е резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец. Дуков е роден во Охрид на 20 јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во Гимназијата во Врање. Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација.
Views:
210
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-16
|
|
Крум Тошев
На денешен ден во 1912 година, во Прилеп е роден Крум Тошев. Бил македонски славист, македонист и универзитетски професор. Крум Тошев завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1937). Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор, го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје. Бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков“. Бил уредник на сп. “Македонски јазик“ и “Литературен збор“. Коавтор е на првиот “Македонски правопис со правопис
...
Read more »
Views:
211
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-16
|
| |