ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ПОВИКУВА НА МАРШ: Да не се прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси
На прес-конференција прогласот го претставија Игор Дурловски, Александар Русјаков, Борис Дамовски, Елена Мисиркова и Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија
Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија денеска објави проглас со кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.
- Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, кој сѐ уште во 21 век е соочен со негира
...
Read more »
Views:
202
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-27
|
|
Александар Лековски
На денешен ден 2013 година, по кусо боледување на 89 години починал Александар Лековски, истакнат македонски диригент и композитор од првата генерација целосно едуцирани македонски музичари. Бил постојан диригент на Операта и нејзин директор, а потоа и на Македонската филхармонија. Под негова палка се изведени голем број опери (“Норма“, “Травијата“, “Љубовна напивка“, “Кнез Игор“, “Аида“, “Трубадур“, “Дон Карлос“, “Севилскиот бербер“...) и оркестарски композиции. Диригирал на многу познати светски сцени, настапувајќи со врвни оркестри и солисти. Како композитор своите инспирации најчесто ги црпел од фолклорот (Македонски танци (1968), Јужни бранови (1997), Обединети (2001). За својот уметнички придонес Александар Лековски
...
Read more »
Views:
203
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-27
|
|
Михаил Петрушевски
На денешен ден 1990 година, умрел Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје на кој бил вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Објавил над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на “Илијада“ од Хомер, “Скендербег“ од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.
Views:
272
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-27
|
|
Владо Јовановски
На денешен ден 1967 година, во Пробиштип е роден Владо Јовановски - македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Завршил факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. Позначајни филмови: “Ослободување на Скопје“ (2016), “Лазар“ (2015), “Деца на сонцето“ (2014), “Соба со пијано“ (2013), “Трето полувреме“ (2012), “Бал-кан кан“ (2005), “Големата вода“ (2004), “Прашина“ (2001)...
Views:
200
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-27
|
| |