Нико Нестор
На денешен ден 2016 година, на 81-годишна возраст починал Нико Нестор, првиот Македонец што го препливал Охридското Езеро и каналот Ла Манш. На републичките првенства имал освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св. Наум до неговата родна Струга. Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг - стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Нестор бил роден на 19 јуни 1934 година во Струга.
Views:
198
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-26
|
|
Борис Трајковски
На денешен ден 2004 година, македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при урнување на авионот од типот “Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. Повеќепати бил на студиски престој во САД. До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие “Слобода“ во Скопје. Од 1997 година до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политичките односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надв
...
Read more »
Views:
185
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-26
|
|
Спиро Прилепчански
На денешен ден 1932 година, во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на “Нова Македонија“, доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појавил во Штип, на 1 мај 1966 година. Умрел во Скопје, на 7 март 1990 година.
Views:
320
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-26
|
|
Тимка Димова
На денешен ден 1926 година, во селото Врбени, е родена Тимка Димкова, една меѓу храбрите жени-борци на народноослободителното движење на македонскиот народ во Егејска Македонија. Загинала во борба против грчката владина војска на височината Вулгара, Котелско, на 5 април 1949 година.
Views:
239
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-26
|
| |