Views:
197
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-18
|
|
Крум Солунов Монев
На денешен ден 2001 година, во Градешница, умрел Крум Солунов Монев, борец за ослободување и обединување на Македонија од нејзиниот пирински дел. Роден е во Оштава на 5 мај 1927 година.
Views:
192
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-18
|
|
Народен театар “Војдан Чернодрински“
На денешен ден 1950 година, во Прилеп, аматерите на КУД “Мирче Ацев“, претходно работници во Тутунскиот комбинат, со преставата “Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Аце Михајловски, ги поставила темелите на Народниот театар “Војдан Чернодрински“.
Views:
192
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-18
|
|
Благоја Корубин
На денешен ден 1995 година, умрел Благоја Корубин, македонски научен работник на полето на македонскиот литературен јазик. Роден бил во Прилеп, на 1 март 1921 година.
Views:
195
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-18
|
|
Ангел Динев
На денешен ден 1952 година, во Скопје умрел Ангел Динев, македонски општественик и публицист, бескомпромисен борец против негирањата на македонската национална историја, односно на македонската национална посебност. Неговата книга “Македонските Славјани“ одиграла значајна улога во популаризирањето и смелото истакнување на македонскиот национален индивидуалитет. Роден бил во селото Смоквица, Гевгелиско, на 1 октомври 1891 година.
Views:
211
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-02-18
|
| |