Во Битола ќе биде одбележан „Денот на руската дипломатија“
Работниците во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и руските дипломатски служби на 10-ти февруари го одбележуваат својот професионален празник – Ден на руската дипломатија.
Овој ден го симболизира признавањето на големиот допринос на генерациите руски дипломати за доброто на својата татковина. Професионалниот празник на руската дипоматија е утврден со Указ од Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31-ви октомври 2002 година.
Се слави на 10-ти февруари, затоа што на тој ден во 1549 година е првото споменување на „Посолскиот приказ“, односно првата надворешно-политичка служба на Русија. Овој празник е признавање на заслугите на руската дипломатија во одбрана и јакнење на меѓународниот мир и стабилност како и заштита на надворешно-политичките интереси на
Русија.
Целта на Руската Федерација и нејзината дипломатија е цврсто и континуирано залагање меѓународното право да биде основ на светската политика. Темел на современиот светски поредок мора да останат заеднички прифатените правни принципи и норми.
„Денот на руската дипломатија“ во Македонија, традиционално ќе биде одбележан во Битола од страна на Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот руски конзулат. Настанот ќе се одржи на 10-ти вефруари во 11 часот со положување свежо цвеќе на Руски крст во градскиот парк во Битола.
http://makfax.com.mk/makedonija/nadvoresna-politika/%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0/
Извор: “Макфакс“
|