Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » February » 7 » Два балкански риса зимава забележани во Кичевско
    6:23 PM
    Два балкански риса зимава забележани во Кичевско

    Два балкански риса зимава  забележани во Кичевско

    Зоран Антоски

    Ловџии од ловечкото друштво „Еко-фазан“ од Кичевско, во само еден ловен викенд зимава, во своето ловиште забележале два примерока балкански рис, и тоа кај селото Букојчани и над селото Бериково. По откривањето на овие два примерока балкански рис, се очекува да порасне оптимизмот, односно да се намали стравот од негово целосно истребување од овие простори, што беше присутно кај љубителите на овие диви животни, реагираат од друштвото што се грижи за заштита на овој загрозен вид.

    Инаку, од друштвото за зачувување на загрозените видови животни, меѓу кои и рисот, во изминатите години заловија три примероци балкански рис на територијата на Мавровско и Стогово на кои им поставија околувратници за да може да се следи нивното движење, а беа поставени и повеќе камери во неговото природно живеалиште.
    - Во еден од последните ловни викенди зимава две групи членови од нашето ловечко друштво, на две локации забележаа балкански рисови. И двата примерока беа возрасни и добро развиени, најверојатно мажјаци. Едниот рис беше забележан во реонот над селото Букојчани, додека другиот, во текот на истиот ден, беше забележан во регионот на селото Бериково. Рисовите беа на растојание од само стотина метри од нашите ловџии, и кога ги забележаа ловџиите, рисовите со брзи чекори се упатија кон шумата. За жал, поради брзината со која се движеа, не успеавме да ги фотографираме, да ја овековечиме оваа средба и да го потврдиме нивното присуство во нашиот регион. Инаку, вие сте први што ја дознавте оваа информација надвор од нашето друштво. Можам да ви потврдам дека и двата риса немаа околувратник, што значи дека ова се досега неоткриени примероци - рече Керим Халили, претседател на ловечкото друштво „Еко-фазан“. Изминатиот викенд заврши ловната сезона за крупен дивеч. 

    Трите ловечки друштва што гравитираат во Кичевско, „Елен“, „Еко-фазан“ и „Сокол-З“ имаа просечна година според бројот на отстрелан дивеч. 
    - И покрај тоа што годинава во природата има зголемено присуство на крупен дивеч, сепак билансот од отстреланиот дивеч беше во рамките на просекот. Така, трите друштва од нашиот регион, кои располагаат со шест ловишта, во оваа ловна сезона застрелаа 105 диви свињи, 41 лисица и 11 волци. Од секој примерок застрелан дивеч во Ветеринарниот институт во Скопје се испраќаа примероци за испитување присуство на резидуи, штетни материи и заразни болести. Покрај дозволата за отстрел на штетен дивеч, ловечките друштва имаат обврска и да го прихрануваат полезниот дивеч во текот на годината и пред сѐ во зимата. 

    Така, само во текот на оваа есен и зима нашите друштва во природните хранилишта ќе постават над 20 тони храна, зрнеста и кабеста, за прихрана на дивечот во зимски услови, а се врши и т.н. вакцинирање на дивите животни со специјални паштети така што тие што ќе ги консумираат, на тој начин ќе ја примат неопходната вакцина - велат Диме Ѓорѓијоски и Милован Симјаноски, вработени во ловечките друштва „Елен“ од Кичево и „Сокол-З“ од селото Зајас. 

    За користење на ловиштата ловечките друштва плаќаат годишна концесија од 1.500 до 12.000 евра во зависност на неговата површина, додека самите ловџии за една сезона плаќаат такса од 3.000 до 4.000 денари во зависност од тоа во кое друштво членуваат.

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 197 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025