Паскали: Изјавата на Рорабакер за Македонија е обид на Сорос за дестабилизација на Балканот
„Последната изјава на конгресменот Дејна Рорабакер дека Македонија не е држава и треба да биде поделена, е очаен обид на групата околу Џорџ Сорос, која сака дестабилизација на Балканот", изјави американскиот аналитичар Умберто Паскали во интервју за Програмата Гласот на народот.
Паскали во својата анализа,конгресменот Рорабакер го смета за еден од најсилните гласноговорници на машинеријата за која, вели, е јасно дека функционира преку државни удари, финансиски грабежи, хаос и конфузија, а е финансирана од Сорос.
„На делот од интервјуто каде за албанската телевизија „Визија Плус“ конгресменот вели дека Македонија не е држава и дека постои таква поделба во државата што не е возможно во неа некогаш да се живее заедно, гротескно збунетиот конгресмен Рорабакер всушност зборува за последиците од многуте години на жестоки обиди за дестабилизација промовирани и финансирани од страна на групата на Сорос“, истакнува Паскали.
Паскали изјави дека според него, ова сега е или напад за поткопување на новата надворешна политика на претседателот Трамп или начин зад ограниченото разбирање на конгресменот да се создаде голема геополитичка експлозија на Балканот повторно притискајќи на „балканса војна“ против која се сите.
Во врска со изјавата на Рорабакер дека дел од Македонија треба да се приклучи кон Косово, а остатокот од државата да биде дел од Бугарија, Паскали посочува дека конгресменот очигледно заборавил како е создадено денешно Косово и дека „терористите на ОНА и мафијата оттаму контролираат голем дел од трговијата со хероин во Европа“. Тој тврди дека Косово беше вештачки создадено преку насилство, тероризам, етничко чистење и воени злосторства.
Паскали бара да се отфрли, како што вели, обидот на мрежата на Сорос за дестабилизација и потсетува на зборовите на Лавров кој во 2015 година, наведува, јасно видел што се случува во Македонија.
„Настаните во македонија се организирани од надвор, а со намера да се обвини владата на Никола Груевски дека е нестручна и неспособна да одговори на нејзините обврски кон народот. Исто така тој е обвинет и за многу други работи. Вистинската причина поради која се вршеше притисок на македонскиот премиер е тоа што тој одбиваше да се приклучи на санкциите против Русија“ рекол тогаш Лавров, потсетува Паскали. Се тврди, додава тој, оти доказ за тоа се и обидите за влијание преку енергетските проекти, откако Македонија еднаш се изјасни за Јужен тек, па се притискало за Турски тек.
„Русија е алармирана, дека со цел да се изврши притисок врз Владата на Република Македонија е вклучен и албанскиот фактор, особено, а се шпекулира, дури и значајно за федерализација на Македонија“ оценува Паскали во интервјуто за Програмата Гласот на народот повикувајќи се на изјавата на рускиот шеф на дипломатијата Лавров.
Извор: “МКД“
|