ТРАНСПАРЕНТИ И СКАНДИРАЊА: Граѓани протестираат против СЈО во Охрид (ВИДЕО)
Насобраните велат дека СЈО е поврзано со партијата СДСМ и дека тоа работи организирано за разнебитување на партијата ВМРО-ДПМНЕ, поради што, како што тврдат, на повиканите нивни членови им биле упатувани и закани за време на распитот
Со транспаренти на кои се испишани пароли против специјалното јавно обвинителство, како и со пеење патриотски песни, голем број граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на протест пред зградата на СВР во Охрид. Протестите се реакција за тоа што СЈО деновиве повикало на распит повеќе од 200 члена на партијата.
Насобраните велат дека СЈО е поврзано со партијата СДСМ и дека тоа работи организирано за разнебитување на партијата ВМРО-ДПМНЕ, поради што, како што тврдат, на повиканите нивни членови им биле упатувани и закани за време на распитот.
Граѓаните коментираат дека се повикуваат обични луѓе и им се вршат притисоци поради тоа што донирале по 1.000 денари, а од друга страна се аболицираат криминалци како Зоран Заев и Зоран Верушевски.
СЈО, како што пренесоа повеќе домашни медиуми, деновиве врши распит на голем број лица од Охрид, а во врска со финансирања на партијата и со нивни лични донации за време на изборите во 2014 година. На распит се повикани и лица што се наоѓаат на високи и на раководни позиции во јавните институции во Општината.
Извор: “Телеграф.мк“
|