Кирил Прличев
На денешен ден, 1944 година, во Охрид умрел Кирил Прличев, деец на ВМРО и журналист, син на Григор Прличев. Учесник бил во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. Бидејќи едно време бил протоѓеровист во 1931 година под притисок на Иван Михајлов се откажал од политичката активност во редовите на Организацијата. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Роден бил во Охрид, на 1 март 1875 година.
|