Улица “Македонска“
2012. Од денеска една улица во Прага почнува да го носи името “Македонска“. На церемонијата на свеченото пуштање во употреба присуствувале претставници на локалната власт и македонската амбасада во Чешка, како и Македонци кои живееле во чешката метропола. Иницијативата ја поднел чешкиот граѓанин, Петр Кунеш, кој како туристички работник и патеписец, идејата ја добил пропатувајќи ја Македонија.
|