СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ
На денешен ден, 1515, во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив бил изгорен од страна на турската власт. По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската Архиепископија, како и од Руската, Бугарската и Српската православна црква. Роден бил во Кратово, во 1497 година.
фреска од ман. Св. Атанасиј, с. Журче, Р. Македонија
|