Никола Петров Русински
На денешен ден, во 1943 година, во селото Русиново умрел Никола Петров Русински, еден од истакнатите личности на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата “Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација“. Роден бил во селото Русиново, на 21 ноември 1875 година.
|