Зоран Тодоровски
На денешен ден, во 2015 година, на 65-годишна возраст починал директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Зоран Тодоровски. Автор е на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи. Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, на историски личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров,Владислав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други. Зоран Тодоровски бил именуван за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководел со Архивот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до неговата смрт. Тој бил претседател на научно-културните средби “Десет дена Крушевска Република“. Роден бил на 3 март 1950 година во Скопје.
|