Андон Дуков
На денешен ден во 1944 година, на планината Кожуф од измрзнување умрел Андон Дуков. Андон Дуков е резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец. Дуков е роден во Охрид на 20 јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во Гимназијата во Врање. Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација.
|