Ангел Динев
На денешен ден 1952 година, во Скопје умрел Ангел Динев, македонски општественик и публицист, бескомпромисен борец против негирањата на македонската национална историја, односно на македонската национална посебност. Неговата книга “Македонските Славјани“ одиграла значајна улога во популаризирањето и смелото истакнување на македонскиот национален индивидуалитет. Роден бил во селото Смоквица, Гевгелиско, на 1 октомври 1891 година.
|