Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » February » 19 » Последните зборови на Даме Груев пренесени од внуката на Гоце Делчев
    7:28 PM
    Последните зборови на Даме Груев пренесени од внуката на Гоце Делчев

    Последните зборови на Даме Груев пренесени од внуката на Гоце Делчев

    “Нема помош за мене, земете ја торбата и во опасност изгорете ја, да не настрадаат нашите луѓе”! Ова биле последните зборови на војводата Даме Груев, раскажани од Лика Чопова, (внука на Гоце Делчев, ќерка на сестра му Ружа Делчева-Чопова, првата жена член на Македонско-одринската организација) а потоа пренесени во книгата на Оливера Тренчева “Македонија – незгасната желба во време без надеж”, посветена на животот и делото на д-р Коста Тренчев.

    Како што пишува Вечер, Лика Чопова овие зборови искажани од устата на војводата Даме Груев при последните моменти од животот и ги кажала на Тренчева кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век. Еве што друго и раскажала Чопова:

    Тоа беше околу средината на декември 1906 г. Даме со С. Китанов, Ѓ. Карчов, Ѓ. Поп Стојански и брат ми Владимир Чопов тргнале во правец за Малешевијата. Уште при тргнувањето биле поткажани и потера им тргнала по стапките. Во селото Долни Порој, Серско, четата била опколена и благодарение на присебноста на домаќинката Ружа Димкова и на смелата и бестрашна девојка, сестра на двајца револуционери, (еден убиен како комита, а друг затворен во Подрум Кале во Мала Азија,) успеале тие да ги сокријат и во ноќта некако комитите се извлекле од Долни Порој. Во студената декемвриска зима четата на Даме се пробивала со мака низ беспатните снежни врвици на падините на Беласица на пат кон Малешевијата.

    На 22 декември 1906 г. четата преноќувала во Русиново. Рано изутрината селото било опколено од многуброен аскер. За да не настрада селото борците побрзале да се извлечат и при нивното извлекување почнала престрелката. Комитите се обиделе да си пробијат пат низ обрачот, употребувајќи и бомби. Прв паднал убиен храбриот херој, кукушанецот Ѓ. Карчов, кој бил многу одан другар на Гоце. Другите со борба гради в гради се пробиле и се упатиле кон врвот Петлец. Но не изминале ни 50 чекори, се слушнал гласот на војводата Сандо Китанов: ,,Браќа, умирам, да живее Македонија”. Тогаш Ѓорѓи Поп Стојански како лав се нафрлил, но неколку куршуми го пронижале силното тело на храбриот до безумие херој. Престрелката продолжила на стотина метри од врвот Петлец непријателски куршуми му ги пронижале градите и ногата на војводата Даме, кој паднал смртно ранет. Со очи во кои гаснел сјајот жално ја погледнал торбата со архивата и со зарипнат глас рекол: “Нема помош за мене, земете ја торбата и во опасност изгорете ја, да не настрадаат нашите луѓе””.

    Извор: “Република“

    Views: 319 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024