Весникот “Македонија“
На денешен ден 1905 година, во Париз излегол првиот број на весникот “Македонија“. Излегувал до јули 1906 година (објавени се 40 броеви. Целта на весникот била да се запознае француската и воопшто европската јавност со положбата, настаните и судбината на Македонија. Главен и одговорен уредник бил францускиот новинар Жорж Голи.
|