Лепша Пиперковска
На денешен ден 2016 година, на 83-годишна возраст починала Лепша Пиперковска, основоположник на македонската пијанистичка педагогија. Првиот јавен настап на пијано го имала на осумгодишна возраст. Како Лепша Бојаџиева го завршила Средното музичко училиште во Скопје, а дипломирала на Музичката академија во Белград. Лепша Пиперковска е автор на осум учебници по пијано и на повеќе стручни трудови од областа на пијанистичката педагогија, теорија и практика. Лепша Пиперковска е родена на 1 ноември 1932 година, во Скопје.
|