свети великомаченик Теодор Стратилат
8/21 февруари. Денеска е св. великомаченик Теодор Стратилат. Свети Теодор живееше и пострада во четвртиот век, кога управата во Рим беше поделена на царевите Константин и Ликиниј. Последниов владееше со источниот дел. Во тоа време Теодор, прочуен по својата мудрост и храброста, беше војвода на градот Ираклија. Сакајќи да го погуби, безбожниот Ликиниј дојде во Ираклија и на плоштадот на градот побара војводата да положи жртви пред идолите што самиот си ги имаше донесено. Свети Теодор го одложи жртвувањето за два дена, за време на кое ги раскрши златните и сребрени идоли и ги раздаде на сиромашните. Кога Ликиниј дозна за тоа го стави војводата на големи маки и најпосле му ја отсече главата.
|