Петар Богданов - Кочко
На денешен ден 1988 година, во Скопје умрел Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Бил еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остварил низа значајни улоги. Роден бил во Скопје, на 12 март 1913 година.
|