Добрила Пуцкова
На денешен ден 2007 година починала Добрила Пуцкова, македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Родена е на 6 јуни 1926 во Куманово, каде го завршува универзитетското образование. По положената аудиција влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар во 1945 година, во кој останала во текот на целиот работен век, односно до пензионирањето во 1982 година. Во 2002 година добила награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.
|