Чедомир Ненковиќ
На денешен ден 2014 година, на 55-годишна возраст починал познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ. Професионално се занимава со фотографија од 1980 година кога почнал да работи како фото-дописник за загрепски “Вјесник“, а подоцна работел во македонските дневни весници “Вечер“, “Дневник“ и во неделниците “Пулс“ и “Дневник 7“. Соработувал и со странските новински агенции Танјуг, Ројтерс, Асосиед прес и ЕПА. Роден бил во 1958 година во Битола.
|