Георги Скрижовски (Георги Радев Иванов)
На денешен ден 1925 година, во Свиленград, Бугарија, од ванчомихајловистите бил убиен Георги Скрижовски (Георги Радев Иванов), македонски револуционер, учител и војвода и член на ВМРО. За време на Младотурската револуција бил еден од раководителите на НФП. Учесник бил во Балканските војни и во Првата светска војна. Роден бил во селото Скрижово, Драмско, во 1880 година.
|