Кузман Јосифовски-Питу
На денешен ден 1944 година, во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција бил убиен Кузман Јосифовски-Питу, народен херој на Македонија. Роден бил во Прилеп, на 23 јуни 1915 година. Бил македонски правник, еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија. Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).
|