Основање на Универзитетот во Скопје
На денешен ден 1949 година, со закон на Народното собрание на НР Македонија бил основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, било означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при обележувањето на 20-годишнината од работата го добиле името Универзитет “Кирил и Методиј“, а на 12 ноември 1992 година со одлука на Универзитетскиот совет, станал “Свети Кирил и Методиј“.
|