Нико Нестор
На денешен ден 2016 година, на 81-годишна возраст починал Нико Нестор, првиот Македонец што го препливал Охридското Езеро и каналот Ла Манш. На републичките првенства имал освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св. Наум до неговата родна Струга. Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг - стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Нестор бил роден на 19 јуни 1934 година во Струга.
|