Михаил Петрушевски
На денешен ден 1990 година, умрел Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје на кој бил вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Објавил над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на “Илијада“ од Хомер, “Скендербег“ од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.
|