Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 8:12 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 2 » МНР РФ со коментар за заострувањето на ситуацијата во Македонија
    6:37 PM
    МНР РФ со коментар за заострувањето на ситуацијата во Македонија

    МНР РФ со коментар за заострувањето на ситуацијата во Македонија

    Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави денеска коментар за ситуацијата во Република Македонија.

    Коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија го пренесуваме во целост:

    „Со загриженост констатираме дека политичката криза во Македонија, испровоцирана со грубо мешање однадвор во внатрешните работи на оваа земја, се продлабочува. На Македонците со активна помош на раководителите на ЕУ и НАТО се обидуваат да им наметнат „албанска платформа“, составена во Тирана во кабинетот на премиерот под картата на тнр. Голема Албанија, која ги илустрира територијалните претензии спрема  големи области на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Особено вознемирува што во оваа афера се најдоа вклучени и властите на еднострано прогласеното за независно Косово. Ја сметаме таквата линија за крајно опасна, која може да предизвика уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканот во целина.

    Би сакале да потсетиме дека одржаните во Македонија на 11 декември 2016 година на инсистирање на ЕУ и САД предвремени парламентарни избори беа одбележани со победа на владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот преку албанското малцинство се обидува да ја донесе на власт во Скопје поразената опозиција која се потпиша на ултимативните барања на Албанците кои водат кон поткопување на уставните темели на земјата.

    Континуираните деструктивни обиди за наметнување однадвор на шеми, спротивни на волјата на македонските гласачи, можат само да ја влошат ситуацијата. Потребно е да престане мешањето однадвор во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да ја решаваат својата судбина во согласност со основните демократски принципи“, се вели во коментарот на рускиот дипломатски ресор.

    Извор: “Руска реч на македонски“

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024