Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 12:42 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 24

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Елајте волци, црни мажишта, 
    Дечишта, чакали, орли, 
    Елајте од сите дедовци, 
    Од сите удари, 
    Од сите добра ви, 
    Од сите колена, 
    Елате да се збереме, 
    Да се видиме, 
    Останало крв и уште нешто, 
    Што не ќе може ниедна лута змија
    В земји да го исцица, 
    Ниедна тревка, ниеден корен
    Не ќе го исцица.
    Ќе ја храни тој
    Оваа црна и проклета
    Да раѓа бериќет, 
    Маштија и немаштија, 
    Елате вие црни мажишта, 
    Елате, елате од сите колена, 
    Од сите векови, 
    Да се собреме, да се видиме, 
    Елате опинчари, 
    Објалџии, лимари, 
    Брсјаци, Мијаци, 
    ... Read more »

    Views: 207 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Ние уметниците не знаеме да зборуваме. Затоа јас пред да дојдам овде напишав нешто и сега ќе го прочитам. Ние уметниците знаеме да свириме. Јас знам да свирам. Но почитувани браќа и сестри Македонци! Почитувани граѓани на Република Македонија! Овде сум со вас, заедно сплотен, рамо до рамо да застанеме за да ја подржиме и зачуваме унитарноста на нашата држава Република Македонија. Овде сум со вас да го зачуваме нашиот македонски идентитет и културен ентитет. Да го зачуваме македонскиот јазик, јазикот во кој е запишан кодот на Македонецот. Јасно и гласно зборувам на мојот мајчин македонски јазик. Да чујат сите кои го негираат мојот јазик. Да чујат сите кои го негираат моето постоење. Да чујат сите кои ја негираат мојата култура, мојот фолклор, мојата црк ... Read more »

    Views: 207 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Македонската песна секаде се пее. И секаде се слуша. Нашата песна секаде се препознава како македонска. Во Македонија секогаш живееле многу народи. Македонците, кои се мнозинство на овие простори секогаш имале соживот. Погледнете ја чаршија, погледнете ги сите наши творби народни, умотворби, песни. Науката секогаш се промовира не само со македонските приказни туку со сите вредности на сите народи и нивната култура која живее во Република Македонија. Дали знаат сите дека Република Македонија го призна македонскиот јазик и сите дијалекти како културно наследство. Но не само македонскиот. Признаен и албанскиот јазик со неговите дијалекти, кои се зборуваат во Република Македонија. Признаен е и турскиот јазик сосе дијалектите, и ромскиот, и влашкиот. Секогаш сме ... Read more »

    Views: 269 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Никола Костадиновски

    Views: 236 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Јас сам дете-првоборец. Мој татко је бија партизан. ’41, ’42 и ’43. Он се е борија за оваа држава и за овој народ, и за овие деца, кои су сад по његов стале. Од мене толку, од Бога повише. Сакам мир и слобода. Не сакам рат и двојејазичност.

    Изјава за медиумите на жена присутна на протестот

    Views: 229 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Осми
    6 март 2017

    Денес на осмиот ден од Движењето Иницијативата за Заедничка Македонија, дојдовме тука, во дворот на Владата, да положиме цвеќе и да ги поставиме македонските знамиња пред споменикот на борците од Народно-ослободителната војна. Тоа го направивме деновиве и на други споменици во Жена-парк, ги поставуваме македонските знамиња со една цел, да им се поклониме на оние кои ги положиле своите животи, направиле саможртва борејќи се за своите идеали, идеали кои ги делиме и ние денеска. Борејќи се за независна, суверена Република Македонија, за унитарна Македонија, за држава каква што имаме ние денеска. Воедно со овој симболичен гест сакаме да ги осудиме сите обиди на најразно-различните платформи кои што циркулираат во нашиот политички систем. Делото на овие луѓе, ме ... Read more »

    Views: 244 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (ВО ЖИВО)

    Протестите во главниот град се одржуваат секојдневно и ја пренесуваат пораката за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа, која е вовед во федерализација на Македонија

    Масовните протести продолжуваат и денеска 25. ден по ред. Граѓаните на Македонија излегуваат да дадат поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

    Протестите во главниот град се одржуваат секојдневно и ја пренесуваат пораката за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа, која е вовед во федерализација на Македонија.

    Денешн ... Read more »

    Views: 208 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ПЕТТИ
    3 март 2017 година

    Драги мои сограѓани, домољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој македонски народе! Јазикот е наш долг, и наше право. Ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Човек без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е, од каде е, и каде оди, напиша пред повеќе од сто години големиот Македонец Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21-от век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше македонско. Да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме. Една, единствена, унитарна и суверена. Но за да го сочуваме името наше македонско и нашиот културен идент ... Read more »

    Views: 234 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ПЕТТИ
    3 март 2017 година

    Добро вечер, драги мои! Како што одевме со оваа поворка, со мојата пријателка Калиопи, и велам, Калиопи, дали знаеш колку чини сево ова? Нема цена, Калиопи. Да сте живи и здрави, ова е бесценето. Доаѓам, почитувани граѓани на Република Македонија од Охрид, градот кој лани ја обележа 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски. Родниот град на кирилското писмо од кое потекна сесловенската писменост и родниот град на Прличев, нашиот овенчан втор Хомер, за да ве поздравам и да ве потсетам на некои човекови вредности, кои се вечни. Веќе стана еуфемизам времето во кое живееме да се нарече турбулентно. Тоа е повеќе од турбулентно. Состојбата на општествена криза се пролонгира во константна состојба. Општествена елементарна непогода би бил ... Read more »

    Views: 248 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-24 | Comments (0)

    Copyright Празнина која сјае © 2024