Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 6:49 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 16

    РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЕУ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ГО ГАРАНТИРА ПОЧИТУВАЊЕТО НА УСТАВОТ

    http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=EAE23835364FC149A480A31211D773D0

    Извор: “Дневник“

    Views: 226 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Ден Прв

    27 февруари 2017 година

    Македонија има три Илиндени. 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден. Во сите претходни Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционалните вредности на својот сограѓанин. Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствена матична држава на македонскиот народ, кој слично како и други народи од регионот и се уш ... Read more »

    Views: 250 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Ден Прв

    27 февруари 2017 година

    Чувствувам достоинство кај македонскиот народ. Чувствувам храброст и одважност. Чувствувам одговорност за сегашноста и иднината. Чувствувам дека сите што се собрани овде имаат воловско срце јуначко, кор бовинум. Јас знам, и сите ние, кои долги години живееме во сиромаштија, дека без леб не се живее, но не се живее ни без достоинство колективно. Не сакам да бидам член на народ кој се самоукинал. Сакам со мојата маленкост колку што можам да помогнам да го сочуваме она што нашите претци ни го оставиле како аманет. Нашите претци кои се бореле во бројни востанија дале... реки крв се лиело за оваа татковина. Не сакам да бидам преседан во светската историја и цивилизација, дека припаѓам на народ кој сам себеси се укинал на зелена маса. Тоа ... Read more »

    Views: 239 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Ден Прв

    27 февруари 2017 година

    Почитувани сограѓани, се собираме да посведочиме за своето присуство, за нашата демократска волја. Ова е мирен собир на граѓани од каде ги повикуваме политичките субјекти да го испочитуваат нашето демократско право и решението до кое дојдовме по мирен, изборен пат. Сите кои сте тука одлучивме, на мирен начин да делуваме за решавање на политичката криза во Република Македонија... Ве повикуваме на свест, разум и одлучност, за сите политички уцени и политички договори. Почитувани граѓани, апелираме вашето демократско право да го изразите мирно, достоинствено и согласно нашите уставни права и со почитување на законите на Република Македонија. Покажуваме почит кон Република Македонија, нејзините институции, чуварите на нејзиниот ред и ми ... Read more »

    Views: 250 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Ловџиите на чело – Започна 18 марш За заедничка Македонија (ВО ЖИВО)

    Започна 18 марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која масовно ќе протестира низ скопските и улиците на уште 30 други градови низ земјата за зачувување на унитарноста и на сувереноста на Република Македонија.

    На чело на денешната колона се ловџиите, кои како и уметниците, спортистите, камионџиите излегоа во одбрана на унитарноста на татковината.

    http://republika.mk/746324

    Извор: “Неделник Република“

    Views: 224 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Камионџиите со поддршка „За Заедничка Македонија“ – голема масовност и на денешниот протест (Фото)

    Македонските камионџии на 17-тиот ден од протестите се приклучија со поддршка кон Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“. И денеска протестот низ главниот град е масовен, а се протестира и во други 30 градови низ државата.

    http://republika.mk/745668

    Извор: “Неделник Република“

    Views: 287 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    „Пешаци по црни полиња“ – нов роман од Оливера Николова

    Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Пешаци по црни полиња“ од Оливера Николова, со поговор на Гоце Смилевски.

    Оливера Николова (1936) спаѓа во редот на водечките романсиери во современата македонска литература. Автор е на богат прозен опус, во кој од специфичен агол ги согледува историските, националните и социјалните превирања. Како вешт прозен мајстор пишува за општественото раслојување во годините кога  се трансформираат институциите и  низ ткаежот на животните приказни се разобличуваат бројни човечки судбини. Новото романескно остварување претставува круна на богатиот творечки опус што писателката ни го завешта во изминатите децении.

    ... Read more »

    Views: 228 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Изложба на Андријана Мациев во Македонскиот културен центар во Софија

    На 17 март (петок) во 18:30 часот, КИЦ на Р. Македонија во Софија ќе биде домаќин на отворањето на изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев. На изложбата со наслов “Живот во бои” ќе бидат претставени 22 дела работени во акрил на платно, од најновиот опус од творештвото на авторката.

    Андријана Мациев е веќе афирмиран ликовен уметник од помладата генерација македонски ликовни уметници, со свој специфичен и препознатлив ликовен израз.

    Своето ликовно образование го оформува во Училиштето за применета уметност “Лазар Личеноски” во Скопје, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности, оддел графика во класата на проф. Димитар Малидан ... Read more »

    Views: 229 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    „Танец“ промовираше две нови аудиоизданија од едицијата „Незаборав“

    Директорот на „Танец“ Зоран Џорлев на промоцијата рече дека како и во претходните четири изданија, и овие содржат по 19 композиции и најави дека „Незаборав“ ќе продолжи со следни изданија се додека, како што рече, не бидат исцрпени сите композиции

    Дваесет и осум македонски изворни народни песни и десет традиционални ора содржат двете нови аудиоизданија, петто и шесто, од едицијата „Незаборав“, која од 2011 година ја реализира aнсамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ со поддршка на Министерството за култура.

    Меѓу новообјавените песни се „Невесто, црвен трендафил“, „Девојче, девојче“, „Жетварск ... Read more »

    Views: 245 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Пружна делница Скопје-Гевгелија

    На денешен ден 1987 година, од Железничката станица во Скопје тргнал првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје-Гевгелија.

    Views: 211 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Народна просвета

    На денешен ден 1956 година, во Скопје излегол првиот број на весникот “Народна просвета“, весник на културно-просветниот и општествениот живот.

    Views: 208 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Глигор Смокварски

    На денешен ден 1974 година, во Скопје умрел Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој бил првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет “Македонска повест“. Роден бил во селото Будинарци, Беровско, на 8 мај 1914 година.

    Views: 350 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Ташко Георгиевски

    На денешен ден 1935 година, во Кронцелево, Егејска Македонија се родил Ташко Георгиевски, македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист. Главна тема кај Георгиевски се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувања. Членувал во МАНУ од 1983 година. Работел во редакцијата на весникот “Млад борец“ и во списанието “Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи “Мисла“ и “Македонска книга“. Ги има добиено наградите “Кочо Рацин“, “11 Октомври“, “13 Ноември“, “Стале Попов“, “Рациново признание“ и други. Починал на 13 април 2012 година во Скопје. Најзначајни дела: “Луѓе и волци“, “Ѕидови“, “Црно семе“, &ldqu ... Read more »

    Views: 214 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Венко Марковски

    На денешен ден 1915 година, во Скопје бил роден Венко Марковски, поет, драмски автор, еден од основоположниците на современата македонска литература. Автор е на првите поетски книги на македонски јазик “Народни Бигори“ и “Огинот“, објавени во 1938 година. Други негови дела се “Чудна е Македонија“, “Орлите на Македонија“, “Климе“, “Над пламнати бездни“, “Сказна за резбарот“, “Голи Оток - остров на смртта“ и други. Умрел во Софија, на 7 јануари 1987 година.

    Views: 300 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-16 | Comments (0)

    Copyright Празнина која сјае © 2024