СИБИРСКА ЦРВЕНКАПА
Девојче-херој: Минала 8 километри низ шума полна со волци за да ја спаси баба ѝ
Четиригодишната Саглана Салчак од Сибир направила неверојатно херојско дело: сама пропешачила осум километри низ тајга полна со волци за да стигне до лекарска екипа и да ги замоли да дојдат во селото и да ѝ помогнат на нејзината болна баба.
Саглана, која веќе го доби прекарот Сибирска Црвенкапа, живее со слепиот дедо и болната баба во мало село во Тува, кое е оддалечено од цивилизацијата.
Кога стигнала до болницата во најблискиот град, докторите морале првин нејзе да ѝ пружат помош поради хипотермија пре
...
Read more »
Views:
254
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Димитрие Османли
На денешен ден 2006, во Скопје умрел Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот “Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма “Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм “Враќање во рајот“. Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа добил многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден бил во Битола на 29 мај 1927 година.
Views:
223
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Бошко Смаќоски
На денешен ден 1998 година, во Скопје умрел Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ги споменеме првата поетска книга “Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната “Лето господово, лето ѓаволово“, објавена во 1998 година. Своите писателски дарови ги споделувал повеќе децении како автор на бројни радиотелевизиски проекти на МРТВ. Роден бил во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.
Views:
309
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Петар Мазев
На денешен ден 1993 година, во Скопје умрел Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите македонски сликари на 20 век, претставник на експресионизмот. Бил професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата “Мугри“. Меѓу најзначајните дела се “Манастирски пејсаж“, “Презреано жито“, “Црвена арабеска“, “Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден бил во Кавадарци, во 1927 година.
Views:
279
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Матеја Матевски
На денешен ден 1929 година, во Истамбул е роден Матеја Матевски, македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми, како главен уредник и директор на Телевизија Скопје и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Исполнувал највисоки должности во книжевниот, културниот и општествениот живот на поранешната СРМ и на Република Македонија. Матевски е челн на МАНУ и бил нејзин претседател во периодот 2001-2004 година. Неговиот богат поетски опус е наградуван со врвни книжевни и државни награди во Македонија како и на повеќе значајни меѓународни признанија, а во 2010 станува и носител на светското одликување “Златниот венец“ на Струшките вечери на поези
...
Read more »
Views:
204
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Петре Прличко
На денешен ден 1907 година, во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Умрел во Скопје, на 16 ноември 1995 година.
Views:
197
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
|
Иван Генадиев
На денешен ден 1890 година, во Пловдив умрел Иван Генадиев, македонски писател, композитор и општественик. Тој бил син на преродбеникот Генадиј, митрополит велешки. Основно училиште завршил во Охрид, а средно во Битола и во Цариград. Потоа студирал филологија на Атинскиот универзитет. Како студент пишувал поезија и литургиски творби. Во 1859 година објавил комедија во стихови, а потоа, во соработка со Григор Прличев и збирката гатанки и песни “Свингс“. Роден бил во Охрид, во 1829 година.
Views:
251
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-13
|
| |