Милтон Манаки
На денешен ден 1964 година, во Битола умрел Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови постигнувања се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител бил на “Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула 1963 година. Роден бил во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.
Views:
204
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-05
|
|
Views:
224
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-05
|
|
Views:
239
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-05
|
|
ахриепископ Охридски и Македонски Гаврил
На денешен ден 1996 година, во Скопје умрел архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев), трет поглавар на Македонската православна црква, учител, преведувач (прв ја превел Библијата на македонски јазик) и уредник во Државното книгоиздавателство на Македонија, прв декан на Богословскиот факултет во Скопје. Роден бил во Скопје, на 17 април 1912 година.
Views:
210
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-05
|
|
Македонски крст, крстот од Велјуса - еден од символите на МПЦ
Грб на Македонската православна црква
На денешен ден 1945 година, во Скопје бил одржан првиот слободен Црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажале расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонската православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија која во 1767 година незаконски била укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградската патријаршија.
Views:
330
|
Added by:
Вељанко
|
Date:
2017-03-05
|
| |