Започнува проект за популаризација на воениот позив за служба во АРМ
Претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на Армијата на Република Македонија, од понеделник, 20-ти март до крајот на месец април, во средните училишта низ Република Македонија, ќе го реализираат проектот за Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија.
Тимовите составени од професионалци, вработени во Министерството, како и припадниците на Армијата детално ќе ги информираат средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски, како и големиот број придобивки од службата во АРМ. На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат
...
Read more »