Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 4:26 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 11

    Александар Стојановиќ

    На денешен ден 2016 година, починал Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелиле оваа уметност во Македонија. Стојановиќ посебно ќе биде запаметен по улогите на Алберт и Хиларион во “Жизел“, Жан де Бриен во “Рајмонда“, Ромео “Ромео и Џулиета“, Лабин во “Лабин и Дојрана“, Капетанот Кука во “Петар Пан“ и многу други. Бил и успешен кореограф и репетитор во редица неповторливи балетски проекти.

    Views: 215 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-11 | Comments (0)

    Илија Милчин

    На денешен ден 2002 година, во Скопје умрел Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден бил во Прилеп, на 19 јуни 1918 година.

    Views: 217 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-11 | Comments (0)

    Санко Ангеловски

    На денешен ден 1992 година, постариот водник Санко Ангеловски, за првпат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата “Рамна Нива“ на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка од својот претходник, старешината на сојузната војска Радослав Милошевиќ. На граничниот јарбол се завиорило македонското знаме.

    Views: 198 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-11 | Comments (0)

    Слободни избори...

    На денешен ден 1945 година, во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле од 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на тогашната армија.

    Views: 214 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-11 | Comments (0)

    Собирање на Евреите во Македонија

    На денешен ден 1943 година, фашистичките окупатори извршиле општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. Недвижните имоти на Евреите биле конфискувани, а поќукнината ограбена. Откако сите Евреи (од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места) биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во логорот на смртта “Треблинка“ во Полска, во кој, по извесно време, германските фашисти ликвидирале над 7.000 лица.

    Views: 209 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-11 | Comments (0)

    Copyright Празнина која сјае © 2024