Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 3:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 25

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕВЕТТИ
    7 март 2017

    Има некои, кои што не можат да се тука меѓу нас, меѓутоа секогаш биле со нас, се уште со нас и ќе продолжат да бидат со нас. Не само што биле со нас туку и не преставувале и не направиле горди, најгорди Македонци на светско ниво. Игор ќе ви прочита нешто што бев пресреќен кога го слушнав.
    Почитувани граѓани, би сакал еден краток статус да ви прочитам од можеби еден, не можеби туку сигурно еден од најголемите спортисти во Република Македонија, еден од најдобрите бекови, можеби и најдобриот бек во светот, Кире Лазаров.
    “Чувствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата македонска јавност. Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска, национална и партиска припадност. ... Read more »

    Views: 240 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕВЕТТИ
    7 март 2017

    Добро вечер, граѓани! Пред да почнам со говорот, сакам да ви кажам нешто. Значи, јас сум една од вас и јас сум граѓанин како вас. Без разлика дали сме Македонци, Албанци, Турци и други националности. Ние сме едно и секогаш ќе бидеме едно. Почитувани граѓани на Република Македонија, моето име е Шукрие, и јас сум граѓанин на Република Македонија. Јас ја сакам Македонија и сите луѓе, кои живеат во неа. И затоа сум загрижена за нејзината иднина, бидејќи Македонија е моја земја. Јас немам резервна татковина, јас немам друга држава. Ромите ја чувствуваат својата Македонија, земјата каде што се родени, израснале и создале свој живот. Затоа излегов пред вас, да ви кажам, дека состојбата во која се наоѓаме во моментот не е добра. Дека зборуваме за теми, за кои не ... Read more »

    Views: 236 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕВЕТТИ
    7 март 2017

    Добро вечер. Чест ми е што можам да ве поздравам во име на Српска заедница во Македонија, која што на своето претседателство донесе одлука да ве подржи и да застане зад вас. Преставник сум на организација и на заедница во Македонија, која што од првиот ден на независноста на оваа земја беше најлојален, најкоректен и најчесен член нејзин. И кога требаше, и кога можеби тоа не требаше да го сториме. Бевме подршка во секој миг и стоевме како Македонци со вас. Ќе стоиме и сега. Зошто овде се брани и многу повеќе. Овде сум и како човек. И како писател. И како мајка. Овде сум и знам дека утре ќе ме наречат фашист. Мене... Мене, чии родители, прадедовци, со право погинале во сите претходни борби борејќи се против фашизмот. Јас ја претставувам Српската заедн ... Read more »

    Views: 214 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕВЕТТИ
    7 март 2017

    Застанавме пак пред канцеларијата на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓи Иванов. Политичарот, кој ни ја обезбеди првата победа. Денеска го поздравуваме неговото писмо, кое го испрати до претседателите и институциите во светот. Да живее претседателот на Република Македонија!

    Борис Дамовски – режисер, пред Канцеларијата на претседателот на Република Македонија

    Views: 216 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕВЕТТИ
    7 март 2017 

    Деветти ден и уште еднаш ќе потсетиме на работите за кои што сме ние тука. Сите ние кои што сме за Заедничка Македонија бараме безусловно отфрлање на платформата направена во Тирана, и бараме создавање на Македонска платформа тука во Македонија, а не во странски држави. Тиранската платформа не е Македонија. Не смее мнозинството на Македонците да се исклучат од одлучувањето во сопствената држава. За Македонија мора да се одлучува тука. Со Тиранската платформа ќе се редефинира државата и затоа нема да им помине. Ние сме против двојазична Македонија и сме против бинационална Македонија, а сме за Заедничка Македонија. Македонија како еднакво општество за сите нејзини граѓани. Вчера потсетивме, денес потсетуваме уште еднаш. На обидите некој дури и ... Read more »

    Views: 239 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Протест на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА (24 03 2017)

    Извор: “makedonija24“

    Views: 217 | Added by: Вељанко | Date: 2017-03-25 | Comments (0)

    Copyright Празнина која сјае © 2024