Харалампие Манчев
На денешен ден 1898 година, во Кочани е роден Харалампие Манчев, македонски медицински научен истражувач, кој проучувајќи ја детската патологија, пронашол неколку важни специфичности. Тој е еден од првите специјалисти педијатри во Македонија и основач на Клиниката за детски болести во Скопје. Бил шеф на катедрата за педијатриски болести на скопскиот универзитет и претседател на здружението на педијатрите на Македонија. Бил основач на Македонското лекарско друштво, а дал голем придонес во лекување на маларијата и болеста кала-азар. Починал на 14 јануари 1974 година во Скопје.
|