Јагода Михајловска - Георгиева
На денешен ден 1953 година, во Скопје е родена Јагода Михајловска - Георгиева, македонски раскажувач и есеист. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела како новинар во неделникот “Пулс“ и во телевизија “Телма“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавени книги: “Мојата кожа“ (раскази, 1988), “Јас, момчето-молња“ (роман за деца и млади, 1989), “Огледала“ (есеи, 1994), “Игбал, мојата тајна“ (роман за деца и млади, 2000), “Индиго Бомбај“ (роман 2008), “Дрско црвен кармин“ (раскази, 2012).
|