Македонски крст, крстот од Велјуса - еден од символите на МПЦ
Грб на Македонската православна црква
На денешен ден 1945 година, во Скопје бил одржан првиот слободен Црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажале расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонската православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија која во 1767 година незаконски била укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградската патријаршија.
|