Милтон Манаки
На денешен ден 1964 година, во Битола умрел Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови постигнувања се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител бил на “Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула 1963 година. Роден бил во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.
|