Александар Стојановиќ
На денешен ден 2016 година, починал Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелиле оваа уметност во Македонија. Стојановиќ посебно ќе биде запаметен по улогите на Алберт и Хиларион во “Жизел“, Жан де Бриен во “Рајмонда“, Ромео “Ромео и Џулиета“, Лабин во “Лабин и Дојрана“, Капетанот Кука во “Петар Пан“ и многу други. Бил и успешен кореограф и репетитор во редица неповторливи балетски проекти.
|