Србо Ивановски
На денешен ден 2014 година, во Скопје по подолго боледување почина писателот Србо Ивановски. Србо Ивановски е еден од најзначајните автори, претставници на втората генерација повоени македонски писатели. Зад себе оставил обемен и разновиден опус во кој, меѓу другите, влегуваат и следните книги: “Лирика“, “Желби и меѓи“, “Средби и разделби“, “Бели крикови“, “Маѓепсан патник“, “Пена од планината“, “Близу до животот близу до смртта“, “Жена на прозорецот“, “Осамени“, “Мартин Нуната“, “Леонида трча окрвавен“, “Кога тетин Клименте шеташе над градот“... Србо Ивановски бил добитник на високи книжевни награди, меѓу кои: “Кочо Рацин“, “13 ноември“, “Стале Попов“ и “Книжевен жезол“ за опус на Друштвото на писателите на Македонија. Српското издание на неговата книга песни “Маѓепсан патник“ во 1976 година ја добило наградата “Бранко Миљковиќ“. Роден бил во 1928 година во Штип.
|