Петар Мазев
На денешен ден 1993 година, во Скопје умрел Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите македонски сликари на 20 век, претставник на експресионизмот. Бил професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата “Мугри“. Меѓу најзначајните дела се “Манастирски пејсаж“, “Презреано жито“, “Црвена арабеска“, “Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден бил во Кавадарци, во 1927 година.
|