Бошко Смаќоски
На денешен ден 1998 година, во Скопје умрел Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ги споменеме првата поетска книга “Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната “Лето господово, лето ѓаволово“, објавена во 1998 година. Своите писателски дарови ги споделувал повеќе децении како автор на бројни радиотелевизиски проекти на МРТВ. Роден бил во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.
|