Димитрие Османли
На денешен ден 2006, во Скопје умрел Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот “Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма “Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм “Враќање во рајот“. Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа добил многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден бил во Битола на 29 мај 1927 година.
|