Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-11-27, 7:07 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 13 » СИБИРСКА ЦРВЕНКАПА Девојче-херој: Минала 8 километри низ шума полна со волци за да ја спаси баба ѝ
    11:29 PM
    СИБИРСКА ЦРВЕНКАПА Девојче-херој: Минала 8 километри низ шума полна со волци за да ја спаси баба ѝ

    СИБИРСКА ЦРВЕНКАПА

    Девојче-херој: Минала 8 километри низ шума полна со волци за да ја спаси баба ѝ

    Четиригодишната Саглана Салчак од Сибир направила неверојатно херојско дело: сама пропешачила осум километри низ тајга полна со волци за да стигне до лекарска екипа и да ги замоли да дојдат во селото и да ѝ помогнат на нејзината болна баба.

    Саглана, која веќе го доби прекарот Сибирска Црвенкапа, живее со слепиот дедо и болната баба во мало село во Тува, кое е оддалечено од цивилизацијата.

    Кога стигнала до болницата во најблискиот град, докторите морале првин нејзе да ѝ пружат помош поради хипотермија предизвикана од непрестајното пешачење на минус 34 степени Целзиусови. Откако се погрижиле за девојчето, се упатиле кон селото, но, за жал, стигнале предоцна, бабата веќе била почината.

    Докторите биле зачудени како малото девојче не било растргнато од волците.

    - Не бев исплашена, само бев многу гладна и загрижена за баба ми. Беше многу ладно, ама не смеев да мислам на тоа. Само одев, одев и одев – вели малата хероина, кој во шумата преминала и преку замрзната река.

    Семен Рубчов, шеф на спасувачката служба во Тува, вели дека малата Саглана имала луда среќа.

    - Тоа е девојче кое потекнува од фамилија која со децении чува овци, па од мала е научена да се снаоѓа во шумата. Навикната е на екстремни ситуации, ги знае опасностите на тајгата и знае како да ги избегне. Сепак, таа има само четири години и факт е дека имала луда среќа. Мечките се среде зимски сон, ама волците можеле да ја растргнат на секој чекор – вели Рубчов. 

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 255 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024