Орде Ивановски
На денешен ден 2012 година, на 84 години умрел македонскиот историограф д-р Орде Ивановски. Во Институтот за национална историја се вработил во 1955 година и таму останал до пензионирањето, минувајќи ги сите научни звања и учествувајќи во пишувањето на Историја на македонскиот народ, како и во голем број на институтски и општествени макропроекти и научни средби во земјата и во странство. Добитник бил на наградите “13 Ноември“ и “Гоце Делчев“. Ивановски бил роден во Прилеп, 1928 година.
|