Венко Марковски
На денешен ден 1915 година, во Скопје бил роден Венко Марковски, поет, драмски автор, еден од основоположниците на современата македонска литература. Автор е на првите поетски книги на македонски јазик “Народни Бигори“ и “Огинот“, објавени во 1938 година. Други негови дела се “Чудна е Македонија“, “Орлите на Македонија“, “Климе“, “Над пламнати бездни“, “Сказна за резбарот“, “Голи Оток - остров на смртта“ и други. Умрел во Софија, на 7 јануари 1987 година.
|