Глигор Смокварски
На денешен ден 1974 година, во Скопје умрел Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој бил првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет “Македонска повест“. Роден бил во селото Будинарци, Беровско, на 8 мај 1914 година.
|