Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Прв
27 февруари 2017 година
Почитувани сограѓани, се собираме да посведочиме за своето присуство, за нашата демократска волја. Ова е мирен собир на граѓани од каде ги повикуваме политичките субјекти да го испочитуваат нашето демократско право и решението до кое дојдовме по мирен, изборен пат. Сите кои сте тука одлучивме, на мирен начин да делуваме за решавање на политичката криза во Република Македонија... Ве повикуваме на свест, разум и одлучност, за сите политички уцени и политички договори. Почитувани граѓани, апелираме вашето демократско право да го изразите мирно, достоинствено и согласно нашите уставни права и со почитување на законите на Република Македонија. Покажуваме почит кон Република Македонија, нејзините институции, чуварите на нејзиниот ред и мир, и сите граѓани кои веруваат во иднината на Македонија како заедничка држава. Не носете партиски и слични амблеми. Симболот кој не обединува е знамето на Република Македонија. Жолтата и црвената боја. Без шовинистички и националистички извици и скандирања, или пароли. Само така ќе сметаме дека се согласувате нашиот глас на вистински начин да се слушне каде што треба. Не оставајте зад себе отпадоци, внимавајте еден на друг, народот е најдобриот чувар на мирот во единствената држава. Вашето достоинство и почит нека бидат симбол на Македонија, државата во која сите ние веруваме.
Борис Дамовски – режисер, пред Владата на Република Македонија
|